По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше. 

Буџетот за 2026 година тежи отприлика 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП. 

За пратениците од власта овој буџет обезбедува поддршка за бизнисот, ги штити пензионерите со зголемување на пензиите и носи силен инфраструктурен бран со изградба на патишта, училишта, градинки… – Тоа се реани проекти кои ќе им донесат подобар живот на граѓаните, рекоа пратениците од власта. 

Според опозицијата, Буџетот содржи нереални проекции и служи само за добивање на политички поени. Посочија дека за првпат доцни исплатата на социјалната помош, туѓата нега, исплатата на МојДДВ, а стагнираат и платите, иако власта се фали со раст на БДП во третиот квартал. Нагласија дека имаме најниска минимална и просечна плата во регионот и обвинија дека Владата не сака да се фати со решавање на проблемот со растот на минималната плата и затоа ги пушта за тоа да се договорат синдикатите и работодавачите. –  Никогаш за зголемување на минималната плата нема да се договорат ако седнат само синдикатите и работодавачите. Затоа тука треба да биде Владата, рекоа од опозицијата. 

Exit mobile version