Собирање потписи: На Ванковска тешко и оди - Јакимовски најсилен на нотари

На Ванковска тешко и оди но се чини дека сепак ќе стигне до целта. Според последните податоци на ДИК, таа до вчера до 20 часот имала собрано 7876 потписи што е некој раст од 1.500 потписи за еден ден.

Јакимовски го засили собирањето на потписи пред нотар па денеска има 6676 потписи од кои 1260 го добил кај нотари.
Од вчера Максим Димитриевски и Арбен Таравари официјално влегоа во претседателската трка откако ја поминаа бројката од 10.000.
Останатите кандидати имаат значително помали бројки.
Процесот на собирање на потписи ќе трае до 8 март.

28.02.2024 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега