СОБ: Со измените на Законот за служба во Армијата до подобри праваа од работен однос на вработените во МО и АРСМ

Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), член на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денеска соопшти дека преку социјален дијалог, што се водел подолг временски период со министерката за одбрана Славјанка Петровска, во насока на подобрување на стандардот на вработените во МО и Армијата, успеале да договорат измени на Законот за служба во Армијата.

Како што наведува во денешното соопштение претседателот на СОБ, Ристо Ајтов, клучните измени во Законот за Армијата се линеарно зголемување на платите на вработените во МО и Армијата (во согласност со зголемувањето на минималната плата), во висина од 2.800 денари по вработен, пензионирање за вработените во Армијата со навршени 40 години стаж, како и решавање на проблемот на професионалните војници со испратнина во висина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата.

– Армијата на Република Македонија, е институција која секогаш уживала најголема доверба кај граѓаните. Со усогласените измени, вработените во МО и АРМ кои се вистински професионалци, врвно обучени, целосно изградени и секогаш демонстрирале врвна подготвеност во исполнувањето на своите задачи, ќе бидат чекор поблиску до нашите колеги од ЕУ земјите во НАТО Алијансата, стои во соопштението.

Со оглед на тоа дека во Собранието има предложено повеќе законски решенија за измена на Законот за служба во Армијата, СОБ ги повикува пратениците од сите политички партии, да ги надминат политичките надмудрувања и да дадат поддршка на  договорените измени на Законот.

10.05.2022 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега