Од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“, годинава под слоганот „Инспирација за секој дом“.

Изложувачите ќе ги претстават најновите трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а новитет годинава е сегмент посветен на монтажни и модуларни куќи, кој е во фокусот на саемот.

Организаторите најавуваат повеќе од 70 застапени брендови и очекуваат над 15.000 посетители, нагласувајќи дека саемот е одлична можност за компаниите да ги промовираат своите модели, технологии и концепти, како и да воспостават нови деловни соработки.

Посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи ентериерни решенија, декоративни елементи и иновативни материјали за домување, канцеларии и јавни простори.

Саемот ќе нуди специјални попусти, а Комерцијална банка ќе им понуди на посетителите атрактивни кредитни понуди и финансиски олеснувања за полесно реализирање на нивните планови за уредување на домот. Посетителите ќе можат директно да се информираат за условите и да добијат совет за финансиските решенија на банката.

„Саемот на мебел 2026“ ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, а на 29 март (недела) од 10 до 17 часот. Влезницата чини 150 денари и со неа се добива ваучер за гратис кафе од Saccaria.

Exit mobile version