Метеопрогнозерот Славчо Попоски упати сериозно предупредување до сите граѓани кои планираат патување во наредните часови. Според неговите најави, за помалку од 20 часа силна снежна бура ќе го зафати Балканот, носејќи со себе екстремни врнежи.
Се предвидува дека во одредени делови на регионот снежната покривка може да достигне дури до еден метар. Поради ваквите најави, се советува крајна претпазливост при движење низ соседните земји.
„Снежната бура за помалку од 20 часа го зафаќа Балканот и ќе донесе до еден метар снег. Бидете крајно внимателни доколку патувате во соседните земји или ако е можно одложете го истото!“, стои во предупредувањето на Попоски.


