Со сомнителен пенал Англија оди во првото историско финалето на ЕП

Англија е вториот патник во големото финале на Европското првенство откако во продолженијата со 2:1 ја совлада Данска. Точка на натпреварот стави Хери Кејн откако претходно Каспер Шмајхел го фати првичниот удар од шеснаесет метри, а напаѓачот одлично ја искористи одбиената топка. Пеналот беше свирен врз Стерлинг и тоа во многу сомнителна ситуација, меѓутоа и ВАР ја потврди одлуката на судијата Дани Макеле.

Во регуларниот тек на натпреварот, резултатот беше 1:1. Први поведоа Данците со проектилот на Микел Дамсгард од слободен удар во 30 минута. Само девет минути претходно капитенот на данската репрезентација Симон Кајер го совлада сопствениот голман обидувајќи се да ја исфрли топката од петерецот.

Ова ќе биде прво историско финале за Англија Европското првенство.

07.07.2021 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа