Ноќеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го привеле Ф.Н. под сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени 15 пакувања со марихуана.

Ф.Н. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Exit mobile version