Со новата академска година, доаѓаат и големи тензии: Студентите во Албанија подлежат на задолжителна вакцинација

Новата академска 2021/2022 година, во Албанија, почна денеска, но, во тензична ситуација на повеќето факултети, поради условот за влез студентите да поседуваат сертификат за вакцинација или негативен тест на Ковид-19.

Најтензично било на Факултетот по историја и по филологија во Тирана, каде дошло до судир на студентите со тројцата полицајци кои биле на влезот во факултетот.

Оние што имале документ за вакцинација или негативен тест влегле без проблеми, но оние што не ги исполнувале условите откако не им бил дозволен влез почнале со противење.

Националниот комитет на екеперти за справување со пандемијата донесе одлука со која студентите задолжително треба да поседуваат сертификат дека се вакцинирани или негатвен ПЦР тест.

Со цел поголема опфатеност Министерството за образование за една седмица го одложи почетокот на академската година за да им се даде можност на студентите да се вакцнираат а мнистерството за здравство отвори вакцинални пунктови во сите високо образовни институции.

18.10.2021 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега