Со автомобил влетал во група граѓани во Германија: Загина дете, повредени најмалку три лица
Автомобил налета на група граѓани во градот Кемпен во Германија. Како што јавува Билд, едно лице е загинато, а најмалку три се повредени.
Возачот од непознати причини излетал од патот и удрил во група луѓе. Полицијата соопшти дека ништо не укажува оти станува збор за терористички напад.
Според РТЛ, во несреќата загинало дете.
Повредените со хеликоптер се префрлени во болница. Други детали засега не се соопштени.
29.10.2020 - 19:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа