Снежна апокалипса ја парализираше Москва - паднаа 40цм снег го чистат 120.000 луѓе

 

„Ова е снежна апокалипса“, објави денеска руската ржавна телевизија со снимки од рекордни снежни врнежи од над 30 сантиметри на улиците на Москва, кои го нарушија патниот сообраќај и откажани летови од тамошните аеродроми.

Ваквите снежни врнежи се типични за февруари“, а сега се случуваат во декември, соопшти метеоролошкиот центар Фобос.

„Никогаш во историјата на метеоролошкиот мониторинг не биле забележани толку високи снежни наноси на улиците на Москва на 18 декември“.

Околу 119.000 луѓе и повеќе од 12.500 возила го чистат снегот, соопштија градските власти.

„Ова е снежна апокалипса: Москва ја погоди таква снежна бура што е невозможно да се пешачи или да се вози“, јавува јавната телевизија „Первиј Канал“.

18.12.2022 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега