Словенија го укина полицискиот час

По 11-дневна блокада, денес во Словенија се олеснуваат епидемиолошките мерки, а се укинува и шестмесечниот полициски час и се отвораат училиштата.

Часовите ќе започнат повторно во основните училишта, додека во средните училишта ќе се воведе алтернативен модел според кој групите средношколци кои доаѓаат на училиште ќе се менуваат еднаш неделно со оние што слушале часови дома.

Факултетите и средните училишта, сепак, ќе имаат нешто построг режим на настава со помали групи до 10 студенти односно ученици.

Повторно ќе бидат отворени продавниците и културните институции, а ќе биде укината и забраната за спортски активности со најмногу 10 лица.

Баровите и рестораните ќе можат да доставуваат храна и пијалоци.

Носењето заштитни маски во затворен простор останува задолжително, но носењето маски на отворено е укинато, мерка што беше многу непопуларна во Словенија за време на полицискиот час.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега