Македонските државјани кои живеат во Словенија ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола без да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит. Ова го овозможуваат измените на Законот за возачи кои беа усвоени во Словенија.

Освен за Македонија, овие бенефиции важат и за лицата чии дозволи се издадени во БиХ, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, услов за замена е лицето да има регистрирано живеалиште во Словенија. Процедурата ќе може да се заврши во рок од една година од аплицирањето. Иако практичниот дел одпаѓа, кандидатите сепак ќе мора да обезбедат доказ за ментална и физичка способност за возење.

Во име на предлагачот, Сандра Газинковски од партијата „Свобода“ појасни дека ова не е привилегија, туку отстранување на нееднаквост.

„Тоа е административна пречка што ги забавува процедурите за вработување и им предизвикува на луѓето непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови“, изјави Газинковски.

Exit mobile version