Следете ги резултатите од ДИК во живо: Тесна битка помеѓу двете партии

Државната изборна комисија почна да ги објавува резултатите од парламентарните избори на својот канал на Јутјуб.

На овој линк може да се следат резултатите кои се менуваат од минута во минута.

Според првите официјални резултати, Коалицијата „Можеме“ има 36,78%, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ 35,77%, ДУИ 10,3%, Алијанса за Албанците 8,13%, Левица 4, 13%.

– Се извинувам на јавноста поради тоа што имаме преоблем во јавниот пренос на податоците, обработката на податоците течеше цело време. Имавме проблеми со јавната објава на податоците. Сега имате можност да ги следите податоците, се надевам дека до крајот на вечерва ќе се средат. Ако се оспособат серверите и сајтот ќе биде наскоро достапен. Се работи за обид за надворешен напад. Додека не се потврди тоа, не би шпекулирал со други информации. Ќе видиме во текот на вечерта или утрешниот ден за што се работи. Ќе имаме информација на време за резултатите. Обработени се околу 70 отсто од изборачките места. Се води мртва трка меѓу политичките конкуренти. До крајот на вечерта ќе имаме првични неофицијални резултати– рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега