Слави Трофонов не се согласува со одлуката Бугарија да ѝ помага на Македонија во справување со пожарите

Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов не се согласува со одлуката на бугарската влада да испрати помош во Македонија за справување со пожарите.

Првиот човек на партијата која освои најмногу гласови на повторените парламентарни избори во Бугарија вели дека е добро што неговата држава ѝ помага на Македонија, но нагласува дека земјата нема доволно капацитети за да се справи со пожарите дома.

-Прекрасно е да се биде солидарен, добар и да се помага. Но, јас не мислам дека кога во исто време вашата куќа и куќата на вашиот сосед се во пламен не треба да одите и да ја гасите куќата на соседот, напиша Трифонов на Фејсбук.

Македонските власти веќе добија помош од членките на Европската Унија – Словенија, Шведска, Франција, Австрија и Бугарија, а надвор од Унијата тоа го стори и Србија.

Тој во својата објава на Фејсбук нагласи и дека во вчерашниот пожар во регионот на Благоевград загинале двајца службеници на горските служби и дека Бугарија нема авиони за гаснење пожари. Трифонов инсистира на тоа дека Бугарија мора веднаш да побара помош од Европската Унија.

 

 

05.08.2021 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега