Скршена од болка се огласи доцна во ноќта: Македонската водителка потресно се прости од својата ќерка која почина

Мојот ангел ми одлета, напиша пејачката Јулија на својот Фејсбук профил простувајки се од нејзината ќерка андријана, која утрово ја изгуби битката со ракот.

-Мојот Ангел одлета,ми се откорна од срцето,од утробата мојата прва љубов, мојата единствена рожба,мојата Андријана. Мојата зеница,мојата светлина,моето добро девојце,мојата Голема уметница….болиииии…болиии…болиии, напиша Јулија, објавувајќи дека погребот ќе биде утре во 14 часот на градските гробишта во Бутел.

Јулија пред две години прв пат прозборе со што се соочува нејзината ќерка, нејзиното единствено дете Андијана.

Пред два дена, пак, не можејки да ја издржи болката на Фејсбук ги повика сите да се молат за здравје на Андријана.

-Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче,за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо,зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија.

Верувам дека Бог ке направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј, Оче спаси нас, напиша очајната мајка.

13.05.2022 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега