Скопје вечерва ќе биде блокирано – посебни движења и многу полиција на Плоштад

Вечерва Скопје ќе биде блокирано на многу локации. Не бидете изненадени ако забележите големо присуство на полиција и специјалци, посебно во строгиот центар на Скопје, односно на Плоштадот Македонија.

По повод роденденот на Комити и ФК Вардар, МВР апелира да се избегне непотребно движење на оваа локација, доколку не сте навивач на Вардар или пак немате намера да одите накај Градски парк.

Собирот на навивачите ќе биде нешто по 16 часот на Плоштад.

23.11.2022 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа