Close Menu
Press24
    Најново

    Скопје добива брз автобуски превоз: Владата дава 70 милиони евра неповратни средства за модерен транспорт до 2029 година

    24.03.2026 во 15:18

    Владата со реакција: ЗНМ и СЕММ јавно да го осудат однесувањето на новинарот Адеми кон министерката Јаневска

    24.03.2026 во 14:49

    Тешко повреден тинејџер во сообраќајка во Гостивар

    24.03.2026 во 14:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје добива брз автобуски превоз: Владата дава 70 милиони евра неповратни средства за модерен транспорт до 2029 година
    • Владата со реакција: ЗНМ и СЕММ јавно да го осудат однесувањето на новинарот Адеми кон министерката Јаневска
    • Тешко повреден тинејџер во сообраќајка во Гостивар
    • Драма на судењето за случајот „Онкологија 2“: Адвокатка казнета со 500 евра
    • Хорор во Куманово: Организирале борби со кучиња среде ноќ – полицијата приведе шест лица
    • Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
    • Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници
    • Скандал во Свети Николе: Точеле алкохол на малолетници, па ги бришеле снимките од камерите за да се сокријат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје добива брз автобуски превоз: Владата дава 70 милиони евра неповратни средства за модерен транспорт до 2029 година

    Скопје добива брз автобуски превоз: Владата дава 70 милиони евра неповратни средства за модерен транспорт до 2029 година

    24.03.2026 во 15:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и во објавата додаде:

    “Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ.

    На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот.   

    Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот.

    Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје. 

    Рокот за завршување на овој значаен проект е Февруари 2029 година. 

    Развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.

    Министерство за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз” објави Николоски.

    Популарно

    Скопје добива брз автобуски превоз: Владата дава 70 милиони евра неповратни средства за модерен транспорт до 2029 година

    24.03.2026 во 15:18

    Владата со реакција: ЗНМ и СЕММ јавно да го осудат однесувањето на новинарот Адеми кон министерката Јаневска

    24.03.2026 во 14:49

    Тешко повреден тинејџер во сообраќајка во Гостивар

    24.03.2026 во 14:36

    Драма на судењето за случајот „Онкологија 2“: Адвокатка казнета со 500 евра

    24.03.2026 во 14:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.