Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, денеска официјално го потпишаа меморандумот кој поставува рамка за долгорочен развој на Скопје. Овој договор има за цел унапредување на локалните политики, јакнење на институциите и воведување одржливи решенија за граѓаните.

Партнерството опфаќа клучни реформи во даночниот систем, дигиталната трансформација и заштитата на животната средина. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е важен чекор во продлабочување на соработката со УНДП, како една од најрелевантните меѓународни организации за одржлив развој.

Exit mobile version