Скопјани подгответе се: Посебен режим на сообраќај во недела

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 15.05.2022 година (недела), поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим.

„Велосипедската трка почнува во 09.45 часот, при што почетната точка е од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, а продолжува со траса на движење по бул.„Св. Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“, локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“). Планинарите стартуваат во 10.00 часот, а трасата на движење почнува пред Основно училиште „Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“ и ул.„Салвадор Аљенде“, ридско пешачките патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски Крст“).“, соопштија од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

14.05.2022 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега