Скопјани може да останат без греење – Имаме обезбедено гас само до 31 декември?

Од релевантни извори добив информација дека ТЕТО има гас до 31 декември, а доколку во јануари не се набави гас, тогаш скопјани ќе останат без затоплување, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување на „Топ тема“.

– Добив информации дека Топлификација, односно ТЕТО, има гас за до 31 декември 2021 година, што значи дека ако не обезбеди гас од 1 јануари 2022 година, скопјани може да останат без затоплување, односно тие можат да обезбедат, но со трипати повисока цена од таа цена којашто досега го плаќале тој гас. Тоа значи дека скопјани ќе треба да плаќаат два и пол пати повисоки сметки за струја, бидејќи 70 проценти на килокалоријата којашто ја троши еден стан учествува гасот. Е сега ќе ме прашате: Но, тоа е многу? Да, и тоа чини 25 милиони евра субвенции од државата до ТЕТО ако сакаме да остане цената иста. Недостасуваат 200 милиони евра во електроенергетскиот систем затоа што толку струја ќе ни фали за да мможеме да го затвориме билансот – рече Мицкоски.

17.11.2021 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега