Скопјани ќе плаќаат големи казни за брзо возење, како и возење без возачка дозвола

При акциската контрола на територијата на Скопје, а била спроведена во текот на вчерашниот ден, полицијата казнила 178 лица.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 6 мерки за користење мобилен телефон, 2 за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 17 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат“-се вели во писменото соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму апелираат до граѓаните почитување на сообраќајните правија, а најавуваат и други контроли во текот на наредните денови.

20.09.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега