Скопјани и вчера се гушеа во загаден воздух

Иако грејната сезона е штотуку започната, во Скопје веќе се гуши во загаден воздух.

И вчера вечер е забележано големо ниво на суспендирани ПМ 10 честички во воздухот, а мерната на станица 11 Октомври се измерени дури 188 микрограми.

Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.Утрово пак, најзагадено е кај скопски ректорат каде се измерени 110 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, потоа следува Центар со 85 ПМ 10 честички и Карпош со 68 ПМ 10 честички на метар кубен.

30.10.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега