Скопјанец изработил лажна платежна картичка и си плаќална различни места

 

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Т.К.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, во текот на 2021 и 2022 година пријавениот обезбедил банкарски податоци од платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени транскации за купување и плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил сопственикот на платежната картичка. 

22.11.2022 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега