Скопјанец измамил тетовец: Уплатил пари за машина, останал и без пари и без машина

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

На 25.05.2024, едно лице од Тетово стапило во контакт со пријавениот преку социјална мрежа и се договориле да купи работна машина, при што парите му ги уплатил на трансакциска сметка во банка, на едно лице, за која пријавениот тврдел дека е негова сопруга.

Откако парите биле уплатени, оштетениот не успеал да стапи во контакт со пријавениот.

21.03.2025 - 16:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега