Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко.

Таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да и се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови.

Потоа и физички ја нападнал, започнал да ја влече со рацете за да и го земе телефонот, па потоа ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.

Оштетената исплашена за својот живот, некако успеала да се тргне на страна, додека осомничениот продолжил да манифестира насилничко однесување кршејќи ги саксиите со цвеќе и останатите предмети во дворот.

Како резултат на семејното насилство, на осомничената и биле нанесени телесни повреди.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство и потребата од заштита на оштетената со која осомничениот живее во иста заедница, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Leave A Reply

Exit mobile version