Скап живот: За една година македонските пари станаа 10% поскапи
И животот на кредит станува прилично скап, бидејќи покрај се што има нагорна цена, очекувано поскапуваат и кредитите. Извештајот на НБРМ покажува дека за една година, новоодобрените кредити за домаќинствата скокнале за 0,45 процентни поени така што ако просечната каматна стапка во јануари лани била 4,81% во овој јануари скокнала на 5.26%. Во проценти тоа е раст за нешто помалку од 9,5% на годишно ниво. Тоа значи дека кредитите оваа година се речи си 10% поскапи од минатогодишните.
И кога се нема пари а државата сака да се заштити од инфлација, растот на каматните стапки на кредитите е очекувана појава, особено ако се знае дека Народната банка преку рестриктивната политика се обидува да го намали обемот на пари во оптек. Затоа, таа со мерки ги поттикнува банките да ги зголемат каматите на депозитите. Таквите мерки резултираат со значителен раст на стапките за новопримените депозити од домаќинствата. Па така стапката од 1,71% лани, скокнала на 2,3% што е раст од над 35%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа