Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.
На 08.12.2025 околу 23:40 часот В.Ј., на работно место приправник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, во дворот на семејната куќа испукал два пати од службен пиштол на МВР, задолжен од второпријавениот А.Л., на работно место полицаец во Полициската станица Прилеп, кој претходно му го дал на располагање. Притоа, проектилите завршиле во соба од соседната семејна куќа, а откако на местото пристигнале полициски службеници, првопријавениот со намера да го спречи и отежне докажувањето го земал едниот од испуканите проектили од соседната куќа и го преместил во дворот од својата семејна куќа.
Прво и второпријавениот, со намера да го спречат и отежнат докажувањето, со пишани пораки преку телефон се договориле да го негираат настанот во целост. Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.
- Скандал во Прилеп: Полицаец му дал службен пиштол на приправник, па тој пукал во куќа на соседи и криел докази
- Договор во Вашингтон: САД инвестираат 5 милиони долари во истражување на критични минерали во Македонија
- Герасимовски: Целосна реконструкција на детското игралиште во Дебар Маало, побезбедна игра за малите центарци
- Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во Потстаница
- Запленет златен накит на Богородица: Се обидел да прошверцува злато вредно над половина милион денари
- АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
- Филипче до Мицкоски: Граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, зошто ги одбивате мерките на СДСМ
- Петрушевски: СДС, Филипче и Заев молчат за наводниот поткуп од 4 милиони евра од бизнисменот Дака

