Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, управник на одморалиште на МВР во Охрид, во периодот од 02.02.2025 до 05.02.2025 и од 21.05.2025 до 26.05.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. – готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била надвор од границите на државата.
Пријавениот, исто така, во периодот од 28.05.2025 до 30.11.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа. Со наведените дејствија, пријавениот овозможил Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во висина од 253.834 денари, износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, додека против С.М. изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против J.И. изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за надомест на настанатата штета.
Актуелно
- Од утре целосна блокада за камиони – грчките земјоделци ја затвораат границата цели 48 часа
- УХМР вклучи „жолт аларм“ за поплави – опасност од излевање на реките низ цела Македонија
- Евакуирани 60 лица во Кичево – состојбата со поплавите е алармантна
- Македонија под вода: Се излеа Вардар, отсечени неколку патни правци поради одрони
- Драма во Кичево: Се евакуираат семејства од поплавени домови, невремето направи хаос низ Западна Македонија
- Трамп со шокантен план: САД ќе продаваат 50 милиони барели нафта додека Мадуро чека судење во Њујорк
- Тешка сообраќајка во Скопје: Три лица итно пренесени во болница
- Велешанец мортус пијан седнал зад волан па се забил во „бмв“

