Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, управник на одморалиште на МВР во Охрид, во периодот од 02.02.2025 до 05.02.2025 и од 21.05.2025 до 26.05.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. – готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била надвор од границите на државата.
Пријавениот, исто така, во периодот од 28.05.2025 до 30.11.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа. Со наведените дејствија, пријавениот овозможил Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во висина од 253.834 денари, износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, додека против С.М. изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против J.И. изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за надомест на настанатата штета.
- Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
- САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
- Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
- Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
- 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
- Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
- Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
- Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна


