Снимка од настапот на фолк-пејачот Дарко Лазиќ во клуб во Трогир, одржан на 18 јули, стана вирална на социјалните мрежи поради неговото однесување на сцената.

Медиумите ги пренесоа кадрите на кои се гледа како пејачот едвај стои на нозе со затворени очи и со потешкотии се фотографира со присутните гости.

По објавувањето на снимките, за српски „Телеграф“ се огласија очевидци кои тврдат дека настапот бил прекинат од сопственикот на објектот.

„Дарко едвај стоел, едвај пеел, очите му се затворале. Изгледаше многу лошо и звучеше како катастрофа, иако е еден од најдобрите пејачи во регионот. Шефот го исфрли од шоуто по само половина час“, изјавиле извори кои сакале да останат анонимни.

Од клубот каде што се одржа настапот потврдија дека пејачот не го реализирал целиот концерт.

„Точно е дека пеел само половина час. Едвај стоел. Не би коментирал ништо повеќе. Снимката ја имате на социјалните мрежи“, изјави претставник на клубот за Telegraf.rs.

Инцидентот доаѓа кратко по претходниот медиумски скандал во кој се најде Лазиќ, кога во јавноста се појави фотографија на која со раце го покажува симболот на двоглав орел.

„Нема да зборувам многу за тоа, мала глупост што се случи спонтано, случајно… Се сликав со девојка како и сите други, девојката ја подаде раката, испадна како да ставив, дури и не знам што значи тој симбол, дури и не знам што значи тој симбол, ништо намерно. Им се извинувам на луѓето ако некого навредив, не го направив тоа намерно, не држам никаква злоба кон никого“, изјави тогаш Лазиќ.

Тој дополнително појасни дека не ја познавал девојката од фотографијата.

„Не ја познавам девојката, сакаше да се слика, кога стана ја држев за рака… Не би коментирал многу, не мислев ништо лошо. Спонтано испадна, не сакав никого да навредам, ве молам разберете ме“, рече тој.

Exit mobile version