Сите работници на терен, а градоначалникот на увид - Се чисти депонија во Скопје

Општина Илинден реализираше акција за чистење на дива депонија во близина на парк шумата во н.м. Миладиновци како и на потегот од Миладиновци кон автопатот од левата и десната страна, известуваат надлежните.

„Акцијата се спроведе во соработка со екипите на ЈКП „Илинден” и општествено одговорни компании, а собран и транспортиран е кабаст отпад, градежен шут и мешан комунален отпад. Активностите ќе продолжат и во текот на наредните денови се додека локацијата не биде целосно исчистенат“, информираат од општината.

На акцијата присуствување и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со отстранувањето на дивите депонии, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата, како и подобрување на животната средина. Градоначалникот додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со акции за чистење на диви депонии.

Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.

10.12.2021 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега