Сите ги правиме ови 3 грешки кога вариме компир - поради тоа се распаѓаат и го губат вкусот

Варениот компир се смета за полесно јадење и има само 75 калории. Може да се приготви како пире, а може да биде дел од многу други јадења и салати.

Но, многу домаќинки несвесно прават одредени грешки, поради кои варениот компир не им излегува како што треба.

Го лупите компирот жив

Многу домаќинки имаат навика најпрво да го излупат компирот пред да го сварат. Но тоа е голема грешка. Компирот најдобро е да се вари со кора, бидејќи така поедноставно ќе се отстрани, а експертите тврдат дека и компирот ќе биде повкусен.

Го варите во зовриена вода

Многу жени го ставаат компирот во зовриена вода, а не им ни паѓа на памет дека така ќе остане жив однатре. Па затоа, најдобра варијанта е да го ставите компирот во ладна вода, па кога ќе зоврие да ја намалите температурата и да го варите 20 минути.

Проверувате дали е готов со помош на вилушка

Многу луѓе имаат обичај да го боцнат компирот со виљушка за време на готвењето за да проверат дали е доволно мек. Но тогаш тој почнува да се распаѓа, што никако не е добро.

Имајте на ум дека компирот треба да се вари најмалку 10 минути. На помал компир ќе му требаат 15 минути да се свари, додека временскиот интервал за поголем компир е 20 минути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега