Системот за наводнување „Макарија“ е повторно активен, има вода до земјоделските површини

 

Денес е пуштена водата низ цевководот „Макарија“. Земјоделците од Росоманско и Градско можат да бидат сигурни дека нивните култури ќе бидат обезбедени со наводнување за оваа сезона. Направено е комплетно оспособување на цевководот, извршени се сите градежни работи кои беа неопходни за непречено користење и истиот повторно е ставен во функција, информираат од Министерството за земјоделство.

„По настанатото оштетување на цевководот „Макарија“, сите служби беа ставени на највисоко ниво на подготвеност за изнаоѓање на решение за спас на сезоната за наводнување. Преку координација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија веднаш се пристапи кон изнаоѓање на техничко решение за надминување на проблемот. Беше ангажирана експертската јавност преку професори од Градежниот факултет Скопје и беа направени соодветните измени на програмите за обезбедување на финансиски средства. Во ургентен рок, согласно законските процедури беше избран изведувач и започнаа активностите на санирање“, се истакнува во соопштението.

Земјоделците, додаваат од министерството, немаат повеќе причина за грижа. Комплетно е завршена санацијата на цевководот, низ кој веќе повторно тече вода за наводнување на земјдоелските површини. Исклучително брзата санација на цевките е завршена пред планираниот рок, за само месец и половина, за што се обезбедија над 1,3 милиони евра и системот за наводнување кој беше оставен на забот на времето веќе 50 години, сега е целосно функционален.

Ги информираат замјоделците од Росоман и Градско дека се предвидува и обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување „Макарија“. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со општините Росоман и Градско, како што појаснуваат, веќе ја започнаа постапката за обештетување на земјоделските производители на праски од овој регион кој немаа вода токму овој месец од годината. Веќе се активни, како што велат, повиците за пријавување во општините, а потоа врз основа на доставените податоци од општините, министерството до Владата ќе достави извештај преку кој точно ќе се знаат обештетувањата кој може да ги направиме.

31.07.2023 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа