Сојузот на синдикатите на Македонија со јасна порака јави дека зголемувањето на минималната плата не е барање, туку право што работниците го заслужуваат преку своја тешка работа. Во услови кога трошоците за живот постојано растат, а голем број работници едвај ги покриваат основните потреби, синдикатот не попушта од своите барања.

Претседателот на ССМ, Трендафилов, беше директен во своја порака:

„Сметаме дека во месец март мора да се зголеми минималната плата, затоа што тие не ја даваат, туку затоа што ние како работници ја заработуваме и затоа што им заработуваме многу повеќе од тоа што тие не плаќаат”. Според него, сегашните предлози за усогласување на минималната плата се недоволни и не ја следат реалната состојба со цените и животниот стандард.

Синдикатот посочува дека растот на цените на храната, енергијата и другите основни производи значително го оптоварува домашниот буџет на граѓаните. Поради ова, синдикатот смета дека е неопходно поголемо зголемување на минималната плата. Во исто време, организиран работнички протест, иницијатива на ССМ, почна денес пред Работничкиот дом во Скопје со почеток во 12:05 часот. Синдикатот вели дека ќе продолжи со борба за подобрување на работничките права и повисоки плати, со цел да обезбеди подобар животен стандард за работниците во државата.

Exit mobile version