Полицијата во Тетово вчера изведе рација откога 15-годишен ученик од село Џепчиште почнал да испраќа закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во локално средно училиште. Малолетникот бил приведен околу 14 часот, а полициските службеници од СВР Тетово влегоа во неговиот дом вооружени со судска наредба за претрес.

Во акцијата која го потресе малото село Џепчиште, полицијата изврши претрес во домот и помошните простории на неговиот татко, 44-годишниот Б.М. Според соопштението, при претресот пронајдени се предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело. На местото присуствувале и социјални работници од Центарот за социјални работи Тетово.

Истиот ден, полицијата приведе и 18-годишник од соседното село Палатица, исто така под сомнение за слични закани. СВР Тетово соопши дека: „По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.” Раследувањето продолжува додека властите ги анализираат собраните доказите и ги утврдуваат мотивите зад закините.

Exit mobile version