Педесет и деветгодишен маж од кривопаланечкото село Герман загина откако вчера попладне паднал од висина додека извршувал работни задачи во Скопје.
Трагедијата се случила околу 16:30 часот во објект кој е во фаза на изградба на подрачјето на општина Кисела Вода. Работникот Ж.С. (59) веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во критична состојба. И покрај обидите на лекарите да му го спасат животот, како последица на тешките повреди тој им подлегнал на повредите и загинал околу 17:40 часот.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а за случајот е известен и Државниот трудов инспекторат кој треба да утврди дали биле запазени безбедносните процедури на градилиштето.
