Симтоми на замастен црн дроб - ако ги почувствувате веднаш на лекар

Замастениот црн дроб или како што уште се нарекува стеатоза на црниот дроб е едно од најчестите заболувања кое го опфаќа овој витален орган и во наједноставна форма не претставува закана за негова нормална функција. Меѓутоа, зголемената количина на наталожени масти може да предизвика големи компликации, како и откажување на „лабараторијата“ на организмот.

Стеатоза на црниот дроб- замастен црн дроб

Поради важните процеси кои се одвиваат во црниот дроб, многумина овој организам го нарекуваат и втор мозок. Тој ја прочистува крвта го одржува нивото на глукоза во крвта, ги разградува мастите, протеините и јаглехидратите, создава ензими, ги чува витамините, минералите и гликогенот. За разлика од другите витални органи, како што се бубрезите и белите дробови во нашето тело не постои механизам кој може да ја преземе улогата на овој орган.

Зголемувањето на  телесните масти од необјасниви причини, дување на стомакот, покачениот крвен притисок, слабоста или високото ниво на холестерол се само некои од индикаторите на оптеретеноста на црниот дроб и нарушениот метаболизам на мастите.

Иако не е нормално во црниот дроб да се таложат масти во минималната количина тие нема да предизвикаат никакви компликациии. Од друга страна ако мастите ја прават од пет до десет отсто од тежината на овој орган тогаш се работи за заболувањето под името масен црн дроб кој може да биде последица од алкохолизам но и не мора да биде поврзано со конзумирањето на алкохолот.

Симптоми на замастениот црн дроб

Обично оваа болест се нарекува „тивка болест“ бидејќи често не е пропратена со никакви симптоми посебно во почетната фаза. Во унапредената фаза за која е потребно да поминат неколку години понекогаш и децении можат да се појават нетипични знаци како слабост, губење на апетитот, мачнина, конфузност или проблем со концентрација.

Освен тоа можат да се појават болки и во централниот или горниот дел на стомакот, темни дамки на кожата или подлактиците и зголемување на црниот дроб.

Симптомите на замастениот црн дроб кај алкохоличарите најчесто се влошува по периодот од прекумереното конзумирање на алкохол. Додека пак масниот црн дроб кај неалкохоличарите може да се спречи , повлече или влоши.

Како да се излечи?

Моментално не постои начин за лечење на замастениот црн дроб. Но регилирањето или лечењето кај било кој скриен или примарен пример за нарушување на фнкцијата на црниот дроб како што е дијабетисот е од есенцијално значење.

Доколку е во прашање алкохоличарски масен црн дроб најважата работа е целосно престанување на конзумирање на алкохол.

Диетата кај масниот црн дроб е доста важна а може да се каже и неопходна.

Со постепеното слабеење (не повеќе од половина до 1 килограм неделно) дебелите личности можат да ја намалат количината на мастите во црниот дроб и да ја подобрат нејзината функција.

Урамнотежената исхрана и редовната физичка активност се исто така од голема помош.

Каква исхрана треба да практикувате…

Освен калориите потребно е да го намалите конзумирањето на преработените намирници, посебно оние кои содржат јаглехидрати (бел леб, тестенини,компир, пченка, концентриран шеќер, и транс масти).

Исхраната кај замастениот црн дроб подразбира…

-Намалување на маснотиите во исхраната, посебно, заситените како маргарин, путер, павлака и подготовка на јадења на пареа, скара или зготвени во вода со минимална количина на маслиново масло.

– Избегнувањето на непотребни апчиња  е исто така ефикасна мерка за повлекување или успорување на оваа болест. Дури и обичните минерали и витамини можат да ви предизвикаат здравствени проблеми, затоа придржувајте се кон природните намирници.

За вашиот црн дроб добро е да ги пиете и овие чаеви

Чај од глуварче

Масниот црн дроб успешно се лечи и со чај од глуварче.

Подготовка

2 лажички сецкан корен од глуварче прелиен со 2дл вода

Преклопете и оставете да одстои

По 20 минути процедете и испијте го

Пијте го наутро и навечер!

Чај за црниот дроб кој помага при цирозата!

Потребно ви е…

20гр коприва

20гр невен

20гр ајдушка трева

20гр детелина

20гр хмељ

20гр пченична свила

Направете ја оваа мешавина земете една супена лажичка од истата  и прелијте со 2,5 дл вода. Оставете да одстои неколку минути. Процедете и пијте го чајот незасладен.

Замастениот црн дроб може многу лесно да се елиминира доколку ја избегнувате храната која ви ја потенциравме погоре а и ги конзумирате овие лековити чаеви.

Се што ви е потребно е одлучност, трпение и консултација со лекар кој ќе ве следи во вашето закрепнување.Меѓутоа, зголемената количина на наталожени масти може да предизвика големи компликации, како и откажување на „лабараторијата“ на орган.

17.01.2022 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега