Симовски: Добро би ни дошле уште неколку дена продолжување на пописот

Согласно законите и собраниската процедура ние како Државен завод за статистика не можеме сами да го продолжиме рокот на попишување во Законот за Попис во кој е предвиден рокот да биде 30 септември. Денеска од медиумите слушнав дека од наша страна имало иницијатива за продолжување на рокот на оваа статистичка операција. Официјано ние такво нешто немаме побарано. Ако се покренат измени за пролонгирање на рокот во Законот за попис можам само да кажам дека на нас како на Државен завод за статитика би ни биле добредојдни уште неколку денови за дополнителни проверки. ” рече во интервју за Локално директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски.

На сигналите од  собранискиот спикер Талат Џафери дека може да биде свикана пленарна седница, доколку има барање од најмалку 20 пратеници за итно заседание, за да се промени датумот во Законот за Попис, Симовски гледа како на можносот за успешно комплетирање на списокот на попишани граѓани.

Според последните податоци, од Државнито завод за статистика попишани се 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.

28.09.2021 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега