Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
Во Општина Крива Паланка денеска за двојните избори во државата гласаат вкупно 308 болни и изнемоштени лица, во Ранковце 53, a во Кратово 144.
Според информациите од претседателката на општинската изборна комисија во Крива Паланка, Моника Костовска, покрај пријавените болни и изнемоштени лица кои гласаат во домашни услови, своето избирачко право ќе можат да го остварат и 16 затвореници кои издржуваат казна затвор во отвореното одделение на казнено-поправната установа Крива Паланка.
Утре на претседателските избори право на глас имаат 16.518 граѓани, додека за парламентарните избори право на глас имаат 16.540 граѓани.
Во Крива Паланка утре ќе се гласа на вкупно 47 избирачки места.
Во Општина Ранковце за утрешните претседателски избори ќе можат да гласаат 2913 граѓани, а за парламентарните 2918, кои своето избирачко право ќе го остварат на 13 избирачки места.
Во Општина Кратово денеска своето право на глас може да го оствари едно лице, кое е во притвор, додека во единствениот Избирачки список се запишани 7536 граѓани со право на глас, кои утре ќе гласаат на 34 избирачки места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа