Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Симов: Да си против дата-центри е како да си против хидроцентрали
    • Македонски пазар на труд: 90 илјади без работа, 101 илјада работат на црно
    • Познаници барале интимни фотографии од секое десетто дете во Македонија
    • Русите открија што барал директорот на ЦИА во Москва
    • Во Брвеница ќе се избира градоначалник за 350.000 евра
    • Драма во Велес: Момче насила ја качило поранешната девојка во автомобил, полицијата го уапси
    • Мицкоски утре ќе го означи стартот на гасоводното поврзување со Србија
    • Пресврт во политиката на Будимпешта: Унгарија ја прогласи Русија за закана во ОН
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Симов: Да си против дата-центри е како да си против хидроцентрали

    Симов: Да си против дата-центри е како да си против хидроцентрали

    26.08.2026 во 18:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дебатата за изградба на дата-центри во Македонија продолжува по одлуката на Советот на Општина Пехчево да не даде зелено светло за иницијативата за ваков објект. Професорот Орце Симов, претседател на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, смета дека државата не треба однапред да ги отфрла ваквите инвестиции, туку да создаде услови тие да се градат според строги еколошки и енергетски стандарди.

    Според Симов, дата-центрите стануваат една од клучните инфраструктури на современата економија, па противењето на нивната изградба го споредува со противењето на изградбата на електроенергетската инфраструктура пред еден век.

    „Да бидеш против дата центар е исто како да си против хидроцентрали пред 100 години“, е ставот на Симов, кој посочува дека практично целата современа дигитална економија зависи од вакви објекти.

    Тој објаснува дека дата-центрите се објекти во кои се сместени голем број сервери за обработка и складирање податоци. Без нив, вели Симов, не би можеле да функционираат услуги како Facebook, YouTube, Google, Amazon, Instagram, електронското банкарство, но ниту современите системи за вештачка интелигенција.

    Како аргумент за економското значење на оваа инфраструктура, Симов наведува дека најголем број дата-центри има во најразвиените светски економии. Според бројките што ги посочува, САД имаат 4.767 дата-центри, Велика Британија 569, Германија 533, Франција 393, а Кина 376.

    Големи потрошувачи на струја, но Симов тврди дека не мора да ја загрозат мрежата

    Една од главните забелешки во јавноста против големите дата-центри е нивната огромна потрошувачка на електрична енергија.

    Симов признава дека особено дата-центрите за вештачка интелигенција се големи потрошувачи, но смета дека тоа не значи дека ќе ја „земат струјата на граѓаните“.

    Според него, ваквите компании електричната енергија треба да ја обезбедуваат по пазарни услови на енергетските берзи, а објектите мора да бидат изградени на локации каде електроенергетската инфраструктура може да ја поднесе дополнителната потрошувачка без да биде загрозено снабдувањето на постојните корисници.

    Симов гледа можност дата-центрите да поттикнат и нови инвестиции во обновливи извори на енергија. Тој посочува дека интересот за изградба на фотоволтаици во Македонија во еден период достигнувал вкупна моќност од околу 7 GW, наспроти домашни потреби кои ги проценува на околу 1 GW.

    Според неговата теза, големите дата-центри би создале дополнителна побарувачка за струја и со тоа би можеле да ја подобрат економската оправданост за изградба на нови капацитети од сонце, заедно со батерии или други системи за складирање енергија.

    Не секој дата-центар мора да троши огромни количества вода

    Втората голема дилема што се отвори во јавноста, особено околу иницијативата во Пехчево, е потрошувачката на вода за ладење.

    Симов посочува дека постојат различни технологии. Воздушното ладење, „immersion“ системите и директното ладење со течност во затворен систем, според него, не бараат континуирано трошење вода. Вода се троши кај системите кои користат испарување.

    Оттука, според Симов, прашањето не треба да биде дали Македонија принципиелно е за или против дата-центри, туку каква технологија ќе користи конкретниот проект, каде ќе се гради и како ќе се обезбедат потребните ресурси.

    „Да, но под строги услови“

    Симов сепак не предлага безусловна изградба на вакви објекти.

    Според него, дата-центрите треба да ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди, да се градат на локации каде нема да го нарушуваат животот на локалното население и да имаат обезбедена доволна електроенергетска инфраструктура.

    Тој смета и дека инвеститорот треба сам да ја обезбеди електричната енергија по пазарни цени, така што дополнителната потрошувачка да не го загрозува снабдувањето на домаќинствата и компаниите.

    Ставот на Симов доаѓа во време кога во Македонија се развива поширока политичка и стручна дебата за дата-центрите. По иницијативата во Пехчево во јавноста се судрија аргументите за потенцијалните инвестиции и развојот на дигиталната економија со стравувањата за потрошувачката на вода, електрична енергија и влијанието врз локалната животна средина.

    Прочитај повеќе

    Познаници барале интимни фотографии од секое десетто дете во Македонија

    26.08.2026 во 18:02

    Во Брвеница ќе се избира градоначалник за 350.000 евра

    26.08.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.