Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредна информација за нагла дестабилизација на временските прилики во делови од државата. Силни атмосферски процеси веќе се регистрирани во два региона.
Според официјалното известување од метеоролозите, невремето е проследено со интензивни врнежи и електрични празнења.
„Поинтензивна нестабилност има североисточно од Кичево и јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. И во Преспанскиот регион има развој на поинтензивна нестабилност“

