Една жена го загуби животот, а неколку лица се повредени во силната бура што во текот на ноќта помеѓу среда и четврток зафати повеќе делови од Германија.

Најпогодени од невремето беа сојузните покраини Тирингија, Хесен, Баварија, Бранденбург и Рајнска област-Пфалц.

Во Рајнска област-Пфалц, 58-годишна жена починала откако врз неа паднало дрво додека се засолнувала од бурата, додека нејзината 47-годишна придружничка била тешко повредена.

Силен ветер уривал ѕидови од куќи, фасади и носел предмети низ улиците, а во Хесен голем број објекти претрпеа толку големи оштетувања што станаа непогодни за живеење.

Пожарникарите во Вецлар известија за оштетувања на околу 60 куќи, каде делови од покриви летале и до 100 метри, додека во Лаубах паднато дрво оштетило резервоар за гас, поради што била извршена евакуација во радиус од 200 метри.

Торнадо го зафати градот Фирстенвалде во Бранденбург, каде што се искоренети повеќе дрвја и се оштетени покриви, а еден 18-годишен возач бил извлекуван од противпожарните екипи откако дрво паднало врз неговиот автомобил.

Во Тирингија противпожарните служби интервенирале најмалку 20 пати, главно во јужниот дел од покраината.

Невремето предизвика штети и во Баварија, каде што поради превенција и безбедност бил делумно евакуиран панаѓур во Кронах, при што околу 3.500 гости го напуштиле отворениот простор.

Exit mobile version