Close Menu
Press24
    Најново

    Четиригодишно дете тешко повредено – се судрија автобус и автомобил

    12.03.2026 во 18:18

    Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

    12.03.2026 во 18:01

    СДСМ: Рацете ви се крвави, оставка од Тошковски

    12.03.2026 во 17:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Четиригодишно дете тешко повредено – се судрија автобус и автомобил
    • Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13
    • СДСМ: Рацете ви се крвави, оставка од Тошковски
    • Стари долгови ја закочија продажбата на луксузното „ауди“ на Мерко
    • Мицксоки на комеморативната седница: Се сплотуваме во тагата
    • Министерството за дигитална трансформација одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите
    • Тешка сообраќајка: Автомобил излета од патот – тројца повредени
    • Пијан скопјанец со „форд“ се забил во полициска „шкода“ – три лица пренесени во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силно невреме ја погоди Грција: Поплави, лизгања и блокирани патишта

    Силно невреме ја погоди Грција: Поплави, лизгања и блокирани патишта

    21.11.2025 во 10:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Силното невреме со обилни врнежи од дожд, грмотевици и силен ветер предизвика сериозни штети на грчкиот остров Крф, во областа Епир, како и во градовите Јанина, Арта, Парга и Игуменица. Лизгања на земјиштето, паднати карпи, блокирани патишта и поплави ги погодија западните и северозападните делови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

    На Крф, обилните дождови направија големи проблеми во северниот дел на островот, при што многу области останаа непроодни. Слична е ситуацијата и во поширокиот регион на Епир, каде што реката Каламас се излеа и поплави земјоделски површини.

    Според Националната опсерваторија во Атина, времето во Грција во периодот од вторникот до вчера покажало две различни „лица“: силни дождови и интензивни грмежи во западните и северните делови, додека на југ и исток врнежите беа многу ограничени и со слаба јачина.

    Најголемото измерено количество врнежи беше во Коница, каде што паднаа 246,8 милиметри дожд, а 29 од вкупно 543 активни метеоролошки станици регистрираа над 100 милиметри дожд. Во делови од Тесалија, централна Грција, Пелопонез, Евија, Крит и островите во Егејското море, во истиот период не е забележан дожд.

    Локалните власти апелираат до граѓаните да ги почитуваат предупредувањата и да се придржуваат кон мерките за безбедност на поплавените и небезбедни подрачја.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили

    12.03.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.