Поради силен ветер, летната лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се откорна. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот е пријавен на единствениот број за итни повици 112.
Среќа во несреќата е што нема повредени лица. Интервенција побарале службени лица од МВР, како и надлежните институции.
– За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки во согласност со своите надлежности – соопшти ЦУК.


