Силјановска: Тие не се збогатија од пиперки и патлиџани, СДСМ стана партија на социјалдеморализиран сојуз

Професорката Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот и затоа не смее да има човек кој нема да реагира на она што ни се случува.

– Партијата што се нарекува социјалдемократски сојуз стана партија на социјалдеморализиран сојуз, на социјалдотрајен сојуз. Има моменти кога човек не смее да молчи таков е овој момент. Ќе се согласите дека секогаш кога било најтешко во македонската историја се појавувале учителите. Фрлете поглед на листите на едните листи ќе ги познаете петкашите и десеткашите, а на другите оние од транзицијата што прекуноќ се збогатија. Деновиве во очај почнаа да фрлаат летки, замислете Тимчо и јас сме биле транзиционите профитери. Јас сум била 2 години во политика, а транзицијата трае 30 години. Е тие кои од бебиња се во политики и не се збогатија од пиперки и патлиџани, туку од политичкиот статус велат дека повторно транзиционите политичари  се во игра, тоа е срамота – рече Силјановска. 

Народот, порача професорката, треба да се праша дали подобро живее од порано, дали е побезбеден, дали е поздрав дали ги нема корупцијата и криминалот.

– Дали непотизмот не цвета, дали администрацијата е подобра. Не многу не! Споредете ги оние кои ги персонализираат партиите, еден преку ноќ збогатен човек и еден учител ама и добар мајстор. Тој со наша помош треба да ја поправи куќата. Може ли со вакво судство да збориме за владеење на правото, се разбира не. Не знам колку бомби паднаа и дознавме интересни работи. Оние кои се повикуваат на право и правда се главните рушители на правото. Ние не сакаме ништо друго освен европски темел на куќата –  истакна Силјановска. 

Тој хибриден режим, додаде професорката, значи дека сме држава пред пропаѓање.

– И дознавме дека нема нешто со што трговецот не е спремен да се пазари. Замислете и на малата Грета и на тетко и ѝ вети дека нема да има ни аеродром. Спремен беше и со господинот Вартоломеј да се пазари. Мене ми дава надеж зборовите што ги употреби Папата Франциск, кој што од посетата на Македонија извлече нешто по Матеј „Не бој се стадо мало,, ние сме тие заборавени, но секогаш се раѓало нешто големо. ВМРО не е само партија ВМРО е македонскиот код, го разбудија македонскиот код кај сите овде и по светот. Се чудат зошто една либерална жена како мене е со ВМРО, затоа што само голема партија може да ги собере сите помали партии и сите луѓе во македонското национално единство – рече Гордана Силјановска Давкова.

Запомнете на крајот, порача Силлјановска, ни економија, ни образование, ни социјална заштита, ни култура, нема, ако нема костур наречен владеење на правото.

– Ние знаме како да го направиме тоа, затоа што правото и правдата е на наша страна, а неморалот и заборавањето на етиката се со нив. Затоа се во паника. Бидете убедени дека на 15 јули ќе започне нова ера јас ја викам 4 македонска република во која сите граѓани како индивидуи ќе бидат рамноправни. Македонија е мултикултурно општество, но Македонија мора да биде пристојна европска граѓанска држава – повика Силјановска Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега