Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    25.03.2026 во 08:13

    Муцунски во Полска: Акцент на нови инвестиции, економска соработка и трговска размена

    25.03.2026 во 08:10

    Агенцијата за пристап до информации со месеци без раководство – Денеска избор на директор

    25.03.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 
    • Муцунски во Полска: Акцент на нови инвестиции, економска соработка и трговска размена
    • Агенцијата за пристап до информации со месеци без раководство – Денеска избор на директор
    • Исклучувања до 15:30 часот – Делови од Скопје денеска без струја
    • Корејскиот амбасадор Донгбае во македонското Собрание – Средба со Гаши
    • Искористете го сонцето денес – Од утре доаѓа влажен и студен бран во Македонија
    • Луѓето родени под овие три хороскопски знаци секогаш сакаат да го имаат последниот збор
    • Топ совети: Како да заштедите гориво и пари со едноставни навики при возење?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    25.03.2026 во 08:131 Min Read
    Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб.

    За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.

    Вчера, во Загреб, претседателката беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ.

    Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек. Таа истакна дека ѝ претставува чест што оддала почит на истакнатиот македонски филолог, поет и прв претседател на МАНУ, нагласувајќи ја неговата трајна и универзална вредност.

    Официјалната посета започна со посета на македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб, каде што претседателката се сретна со претставници на македонската заедница во Хрватска.

    Влада
    Популарно

    Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    25.03.2026 во 08:13

    Муцунски во Полска: Акцент на нови инвестиции, економска соработка и трговска размена

    25.03.2026 во 08:10

    Агенцијата за пристап до информации со месеци без раководство – Денеска избор на директор

    25.03.2026 во 08:09

    Исклучувања до 15:30 часот – Делови од Скопје денеска без струја

    25.03.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.