Силјановска: На македонската политика и треба женска рака

Гордана Силјановска Давкова и официјално го најави вториот обид да ја добие најголемата канцеларија во Вила Водно. Вели дека се кандидирала од обејкетивни и субјективни причини. Таа денеска пред Собранието им се заблагодари на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и најави дека ќе ја почне процедурата за собирање на 10.000 потписи. 

Зошто се кандидирам? Од објективни и од субјективни причини долго време не ми требаше да мерам, тешко носам одлуки – признавам, но потоа застанувам зад нив. Кои се објективните? Објективните се прво резултатот од минатите избори, кога ќе добиете некаде околу 380 илјади гласови тоа е големо признание и тоа не само од партиските членови и симпатизери, туку и од граѓаните да кажам – имам намера да собирам и 10 илјади потписи, бидејќи мислам дека траба рамноправна да бидам со сите други и се разбира, да повикувам повторно од оние кои не се во политиката или не се идеолошки и партиски определени. Значи, прво таа бројка која импозантна бројка. Второ, состојбата во која се наоѓаме. Можеби е тоа најважното нешто. Мене многу ме боли што другите држави, дури и оние во ЕУ повеќе не’ ценат одошто ние самите себеси. Значи, во агонија се не само граѓаните, туку и сите ние кои сме овде и мислам дека време е, време е прво за женска димензија во политиката, време е за консензус без оглед на партиска, етничка, верска и друга припадност. Ако градиме консензус, а јас се обидував овде тоа да го правам ќе бидеме посилни кон надвор и она што мене сиве овие четири години најмногу ме инспирира и ме обзема филозофијата дека ако не се почитуваме себеси не може да очекуваме почит од никого. Значи, мислам дека само со самопочит ќе дојдеме до почит. Субјективната причина е цел живот предавам компаративно уставно право и компаративен политички систем. Признавам дека овде видов дека тоа што го предавам не функционира во куќата на демократијата. Мојата прва изјава пред овој влез беше дека ќе се обидам да бидам субверзивна. Еве јас сега кажува дека мислам дека во статусот претседател/претседателка се нужни големи длабоки реформи. Прво реков, во градење консензус без оглед на каква било припадност, но и во практикувањето на функцијата. Се разбира, не е време за обзнавување на програмата, но јас покрај апликацијата поднесов и план за работа и програма, ама еве само неколку поенти - рече Силјановска Давкова. 

22.02.2024 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега