Close Menu
Press24
    Најново

    МНР со најнови информации: 473 македонски државјани побарале помош

    03.03.2026 во 10:45

    Грција итно распоредува противвоздушна одбрана на Егејот по нападот врз Кипар

    03.03.2026 во 10:38

    Детали за земјотресот кој ја стресе Македонија

    03.03.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МНР со најнови информации: 473 македонски државјани побарале помош
    • Грција итно распоредува противвоздушна одбрана на Егејот по нападот врз Кипар
    • Детали за земјотресот кој ја стресе Македонија
    • По 11 дена блокада: Отворен патот Ќафасан-Елбасан
    • ФОТО: Се разведе познатиот српски актерски пар
    • Дачиќ веќе дише самостојно, Вучиќ го посети во болница
    • Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за патлиџан дипломатија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Време е за наше очовечување

    Сиљановска-Давкова: Време е за наше очовечување

    03.12.2025 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателкатa Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Аbility awards“, што во пресрет на 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на овие наши граѓани.

    Според претседателката, надминувањето на предизвиците е заедничката должност и одговорност да се гради општество во кое достоинствениот живот не е само етички идеал, туку реална човечка потреба, потсетувајќи дека промените не зависат само од индивидуални напори, туку од континуирана посветеност и координираната работа на надлежните сектори.

    Таа го поздравува „Ability Awards 2025“ како просветителски проект со којшто им се оддава признание на 10 личности со попреченост чии професионални и лични достигнувања се доказ за релативизирање, па дури и бришење на попреченоста преку знаењето, емоционалната интелигенција и творечката умешност.  Според неа, неопходни се правни и институционални решенија што препознаваат и овозможуваат непречено изразување на различните човечки потенцијали.

    За неа, подеднакво важно е наградувањето на 10-те компании за развојот на иновативни и инклузивни практики. „Нивната работа покажува дека економскиот сектор може да биде значаен промотор на културни и структурни промени, особено кога пристапноста на секој субјект кон секој објект и ресурс е стратешка инвестиција што води сметка за правичноста и еднаквоста на шансите, но и можностите”, потенцираше таа.

    На настанот претседателката му ја додели наградата „ИМПАКТ – Подигање на јавната свест“ на Марко Пејчиновски кој, за неа е симбол на храброст, дисциплина и младешки дух што ја претвора љубовта кон езерото во инспирација за сите негови врсници.

    „Ability Awards“ е единствената регионална иницијатива којашто го слави успехот, достоинството и талентот на лицата со попреченост, како и придонесот на инклузивните компании во создавањето на поправедно и одржливо општество. Годинава овој настан прерасна во движење што создава системски промени и ја обединува заедницата, проследено со 8 тематски работилници и 6 видеа за подигнување на јавната свест.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Војната на Блискиот Исток ескалира: Нападната американската амбасада во Ријад, Трамп порача – „Имаме неограничено оружје за победа“

    03.03.2026 во 09:40

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.