Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати срдечна честитка до граѓаните од српска националност во Македонија по повод празникот Свети Сава. Таа истакна дека овој голем празник е потсетник за патот по кој треба да чекориме – патот на духовноста, просветителството и меѓусебното разбирање.

„Српската заедница, со својот богат културен идентитет, е важен сегмент на нашето мултикултурно општество. Вашиот придонес ја прави македонската држава побогато и попросперитетно место за живеење“, порача претседателката во честитката. Таа додаде дека пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било во времињата полни со предизвици.

Exit mobile version