Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 30-годишник од Скопје пренесен во болница, бил претепан со тврд предмет
    • Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
    • „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција
    • Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силјановска Давкова се сретна со Славески: Економијата е стабилна, предложен е трет вицегувернер на Народната банка

    Силјановска Давкова се сретна со Славески: Економијата е стабилна, предложен е трет вицегувернер на Народната банка

    24.08.2026 во 14:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика.

    За време на средбата било разговарано за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците врз индустријата, трговијата и градежништвото.

    Гувернерот оцени дека економијата е стабилна и бележи солиден раст, но нагласи дека треба внимателно да се следат увозната зависност, како и цените на храната и енергијата.

    Силјановска Давкова и Славески се согласиле дека стручните и компетентни човечки ресурси се од клучно значење за успешното функционирање на Народната банка и за одржување на финансиската стабилност на земјата. Во тој контекст, гувернерот информираше дека до Собранието веќе е доставен предлог за избор на трет вицегувернер.

    На средбата беше заклучено дека макроекономската стабилност и здравиот финансиски систем остануваат главен приоритет за напредокот на државата.

    Прочитај повеќе

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.